Posts

Showing posts from July, 2010

Просек. Под и над? Каде си Ти?

Летово е одлично динамично. Ова лето е многу различно од било кое досега. По што? По многу нешта! Во последниве 20 дена видов многу, прошетав, слушнав, осетив, научив. Што? Видов многу просечни и надпросечни. Забележав која е разликата во животниот стил. Каков е начинот на однесување, разговор, дружење, забавување. Можев да споредам. Дефинитивно, има што да се смени за да ни биде подобро. Лесно е да бидеш дел од просекот. Кога си со него и во него, не осеќаш разлика или пак разликите се мали. И не бараш друго, освен да останеш каде си. Убаво Ти е, се чувствуваш сигурно. Можеби задоволството од животот и не е така добро, но ете, не може подобро. Дали вреди целиот живот да се помине просечно? Ако сонуваш, тогаш не си дел од просекот. Тогаш имаш енергија, волја, сопствена мотивација, визија, што и  како и кога и со кого да направиш, за да се качиш над просекот. Заради Твоите соништа. Ако доследно го следиш сопствениот пат, не дозволуваш просечноста да Ти ги уништи соништата, работиш дисци