Posts

Showing posts from January, 2010

ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ

Јас сум... А ти си... Оној/онаа е... Опкружен од трачарење и егоистично озборување, се прашувам... Зошто попусто...? Дали ни е наметната оваа карактерна особина, сакаме да бидеме вакви, сме такви, или пак јас се наоѓам во таков магичен циркус? Не барам одговор, ќе го дадам самиот, по мое... Безобразно себично, но отворено за муабет - со Тебе. Светот го движат различностите: убав/грд, благ/солен, паметен/глуп, маж/жена, север/југ, лево десно... И тоа е супер. Во целата приказна најопасна е: позитив/негатив. Тотално хаотична поларизација. Пишував, тука некаде за ставот , по нешто секаде. Ова мое тупење го врзувам само со него: ставот . За чудо, постоеле позитивен и негативен став. За уште поголемо чудо, речиси сите знаеме кој е позитивниот а кој е негативниот став. За најголемо чудо: сите сме во право. Став е став. Не постои негативен или позитивен. Ставот е секогаш став. За мене никогаш неприфатливо - многу често позитив/негатив е врзано со крив/прав, особено во конфликтни ситуации кои