Posts

Showing posts with the label Квалитет

Квалитетно. Знаеш? Можеш?

Постои убедување дека се што правиш треба да биде квалитетно. Се што користиш, се што поседуваш, се што е околу Тебе - квалитетно. Ти да бидеш квалитетен/на. Зошто? Неквалитетното не постои? Или е само „изговор“ или лајт мотив за напредок. Што всушност е квалитетното? Квалитет, сам по себе како термин, може да се толкува на разни начини. Критериумот за мерење на нештото, што и да е, прави да можеме да споредуваме, да се споредуваме, да резонираме што е она што е сега, и што треба да се случи сега за да истото биде подобро. Ако бараме и очекуваме напредок, ако се стремиме кон квалитетното, поквалитетното. Постојат теории на разни системи за мерење, следење на квалитетот, но основата на сите концепти е постојано подобрување. Постојаност во подобрувањето во однос на зацртаните критериуми. Доволно долго знаеме да влеземе во црната дупка барајќи го квалитетното. Наместо тоа, покорисно е да тргнеме од сопствената анализа на себеси и да пронајдеме која е нашата вредност, кој е сопствениот ква