Posts

Showing posts with the label тимска работа

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

Дали СЕКОЈ Те прашува: имаш ли способност да играш во тим? Дали уживаш во тимска работа? Дали знаеш што е тоа тимска работа? Или подобро, знаеш ли да соработуваш со други, да бидеш лидер на другите-пред останатите во тимот? Постојат различни алтернативи на прашањево. Често тимската и групната работа се поистоветуваат, но дефинитивно има разлика. Според нашето толкување на зборовите, за мене групата е нешто над тимот; групата може да има повеќе тимови. Но, од пракса, често секој тим содржи повеќе групи од помалку членови, со точна задача и конкретна цел (најчесто оперативна). Да не бегам во детализирање. Што сакав да кажам...? Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч? Во последно време се гушам со разни лични препукувања во себеси на темава. Не дека не можам да ставам крај, но не ми влегува во мојот резон како многумина не ја разбираат моќта на тимот и сопствената улога во тимот. Сето тоа проследено со лична одговорност, став, навремен