Posts

ТРЕНД

Image
Најчесто прифаќаме нешто што сите го прават. Притоа, не размислуваме дали тоа е добро за нас, дали вистински ни е потребно, дали вистински треба да ги потрошиме своите пари за да го имаме. Не дај Боже да ни се понуди нешто што никој не го прави... Е, тогаш мудруваме. Зошто? Во природата на човекот е најнапред да се одбрани, а тоа значи „НЕ“, отколку да прифати од прва, а тоа значи „ДА“. Е во ваков случај почннува натпреварот за тоа кој е попаметен, кој знае повеќе, дали некој е над некого или под некого... Дали си „ИН“ или „АУТ“. Она што е мода, минува. Во модата најчесто многумина „слепо“ прифаќаат, или одбиваат, она што им се нуди. Велат трендовите во модата се веќе измислени, само се менуваат од периоди на периоди. Ако земеме дека модата е облеката, да. Но, ако малку размислиме околу трендовите во човештвото, од каде излегуваат стотици модни трендови, тогаш приказната е поинаква. Трендот е тука заради природна или наметната потреба на луѓето. До пред 10 години, случај беше

Просек. Под и над? Каде си Ти?

Летово е одлично динамично. Ова лето е многу различно од било кое досега. По што? По многу нешта! Во последниве 20 дена видов многу, прошетав, слушнав, осетив, научив. Што? Видов многу просечни и надпросечни. Забележав која е разликата во животниот стил. Каков е начинот на однесување, разговор, дружење, забавување. Можев да споредам. Дефинитивно, има што да се смени за да ни биде подобро. Лесно е да бидеш дел од просекот. Кога си со него и во него, не осеќаш разлика или пак разликите се мали. И не бараш друго, освен да останеш каде си. Убаво Ти е, се чувствуваш сигурно. Можеби задоволството од животот и не е така добро, но ете, не може подобро. Дали вреди целиот живот да се помине просечно? Ако сонуваш, тогаш не си дел од просекот. Тогаш имаш енергија, волја, сопствена мотивација, визија, што и  како и кога и со кого да направиш, за да се качиш над просекот. Заради Твоите соништа. Ако доследно го следиш сопствениот пат, не дозволуваш просечноста да Ти ги уништи соништата, работиш дисци

Сакаш да продаваш? Еве ти работа!

ПРОДАВАЈ И ЗАРАБОТУВАЈ, СЕКОЈ ДЕН...со ПРЕЗЕНТ

Квалитетно. Знаеш? Можеш?

Постои убедување дека се што правиш треба да биде квалитетно. Се што користиш, се што поседуваш, се што е околу Тебе - квалитетно. Ти да бидеш квалитетен/на. Зошто? Неквалитетното не постои? Или е само „изговор“ или лајт мотив за напредок. Што всушност е квалитетното? Квалитет, сам по себе како термин, може да се толкува на разни начини. Критериумот за мерење на нештото, што и да е, прави да можеме да споредуваме, да се споредуваме, да резонираме што е она што е сега, и што треба да се случи сега за да истото биде подобро. Ако бараме и очекуваме напредок, ако се стремиме кон квалитетното, поквалитетното. Постојат теории на разни системи за мерење, следење на квалитетот, но основата на сите концепти е постојано подобрување. Постојаност во подобрувањето во однос на зацртаните критериуми. Доволно долго знаеме да влеземе во црната дупка барајќи го квалитетното. Наместо тоа, покорисно е да тргнеме од сопствената анализа на себеси и да пронајдеме која е нашата вредност, кој е сопствениот ква

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

Дали СЕКОЈ Те прашува: имаш ли способност да играш во тим? Дали уживаш во тимска работа? Дали знаеш што е тоа тимска работа? Или подобро, знаеш ли да соработуваш со други, да бидеш лидер на другите-пред останатите во тимот? Постојат различни алтернативи на прашањево. Често тимската и групната работа се поистоветуваат, но дефинитивно има разлика. Според нашето толкување на зборовите, за мене групата е нешто над тимот; групата може да има повеќе тимови. Но, од пракса, често секој тим содржи повеќе групи од помалку членови, со точна задача и конкретна цел (најчесто оперативна). Да не бегам во детализирање. Што сакав да кажам...? Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч? Во последно време се гушам со разни лични препукувања во себеси на темава. Не дека не можам да ставам крај, но не ми влегува во мојот резон како многумина не ја разбираат моќта на тимот и сопствената улога во тимот. Сето тоа проследено со лична одговорност, став, навремен

Одговорност! Вистинска вредност или лажно лице пред клиентот?

Сум почнал со пишување, пред година и кусур, и не сум довршил. Гледам дека и тогаш сум имал што да кажам за одговорноста. Дилемата не ми е дали треба да бидеме одговорни. Повеќе, дали македонските бизниси се одговорни кон сопствениот бизнис, сопствените клиенти, па дури и сопствените вработени. Лажно лице? Еве што ми е мислата за овој наслов. Каде се нашите бизниси? Каде се нашите клиенти? Постојат ли вредности во нашите бизниси? Дали одговорноста е основата за градење на вредности? Во многу мои ставови изнесени тука, стојам на позиција дека во Македонија нема одговорност, конкретно одговорност за рок (читај време, краен термин, договорен термин...). Јас секогаш добивам чувство на вистинска позиција од бизнисите кон овие за мене многу важни особини (не само на бизнисите [претприемачите, менаџерите итн.], туку и од секој човек, во било која ситуација од животот). Но многу често се фаќам себе си дека повторно наивно верувам „во муабетот на прв поглед“. Вистинската вредност на бизнисот с

ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ

Јас сум... А ти си... Оној/онаа е... Опкружен од трачарење и егоистично озборување, се прашувам... Зошто попусто...? Дали ни е наметната оваа карактерна особина, сакаме да бидеме вакви, сме такви, или пак јас се наоѓам во таков магичен циркус? Не барам одговор, ќе го дадам самиот, по мое... Безобразно себично, но отворено за муабет - со Тебе. Светот го движат различностите: убав/грд, благ/солен, паметен/глуп, маж/жена, север/југ, лево десно... И тоа е супер. Во целата приказна најопасна е: позитив/негатив. Тотално хаотична поларизација. Пишував, тука некаде за ставот , по нешто секаде. Ова мое тупење го врзувам само со него: ставот . За чудо, постоеле позитивен и негативен став. За уште поголемо чудо, речиси сите знаеме кој е позитивниот а кој е негативниот став. За најголемо чудо: сите сме во право. Став е став. Не постои негативен или позитивен. Ставот е секогаш став. За мене никогаш неприфатливо - многу често позитив/негатив е врзано со крив/прав, особено во конфликтни ситуации кои