Posts

Showing posts with the label одговорност

Одговорност! Вистинска вредност или лажно лице пред клиентот?

Сум почнал со пишување, пред година и кусур, и не сум довршил. Гледам дека и тогаш сум имал што да кажам за одговорноста. Дилемата не ми е дали треба да бидеме одговорни. Повеќе, дали македонските бизниси се одговорни кон сопствениот бизнис, сопствените клиенти, па дури и сопствените вработени. Лажно лице? Еве што ми е мислата за овој наслов. Каде се нашите бизниси? Каде се нашите клиенти? Постојат ли вредности во нашите бизниси? Дали одговорноста е основата за градење на вредности? Во многу мои ставови изнесени тука, стојам на позиција дека во Македонија нема одговорност, конкретно одговорност за рок (читај време, краен термин, договорен термин...). Јас секогаш добивам чувство на вистинска позиција од бизнисите кон овие за мене многу важни особини (не само на бизнисите [претприемачите, менаџерите итн.], туку и од секој човек, во било која ситуација од животот). Но многу често се фаќам себе си дека повторно наивно верувам „во муабетот на прв поглед“. Вистинската вредност на бизнисот с