ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ

Јас сум... А ти си... Оној/онаа е... Опкружен од трачарење и егоистично озборување, се прашувам... Зошто попусто...? Дали ни е наметната оваа карактерна особина, сакаме да бидеме вакви, сме такви, или пак јас се наоѓам во таков магичен циркус? Не барам одговор, ќе го дадам самиот, по мое... Безобразно себично, но отворено за муабет - со Тебе. Светот го движат различностите: убав/грд, благ/солен, паметен/глуп, маж/жена, север/југ, лево десно... И тоа е супер. Во целата приказна најопасна е: позитив/негатив. Тотално хаотична поларизација.

Пишував, тука некаде за ставот, по нешто секаде. Ова мое тупење го врзувам само со него: ставот. За чудо, постоеле позитивен и негативен став. За уште поголемо чудо, речиси сите знаеме кој е позитивниот а кој е негативниот став. За најголемо чудо: сите сме во право. Став е став. Не постои негативен или позитивен. Ставот е секогаш став. За мене никогаш неприфатливо - многу често позитив/негатив е врзано со крив/прав, особено во конфликтни ситуации кои довеле до караница, виканица, тупаница. Дали си негативен/а? Не не, дали си позитивен/а? Откачи ги негативните, прифаќај ги позитивните! Реченица која кога ќе ја слушнам ми создава револуција која успешно ја задушувам, за да не старта војна - меѓу мене и..., во себе, кај други. Зошто? Сега ќе Ти кажам зошто! Кој е позитивен? Човек кој знае рационално да резонира за ситуациите во кои е и не е, барајќи го своето место, позиција, корист, интерес. Кој е негативен? Оној што не знае што сака од себе, од другите, оној кој избегнува да го земе предизвикот во свои раце. Напротив, фаќа кривини, ужива во премолчувањето, секогаш е тука за празен бевременски непотребен муабет (сам со себе си, со други - за други, ретко за себе си). Човекот со насмевка ми Ти бил позитивен! Ајде де! А човекот без намевка ми Ти бил негативен - читај намќор! Ајде де! Отсекогаш сум мразел да разговарам на темата: кој е крив! А секогаш го слушам зборот: а што сум јас крив/а за... Па не е тоа дека јас... Отсекогаш уживам да разговарам: со факти, без емоции, без тронка непотребен збор кој ќе остане празен ако не е дополнет со внимание и почитување од оној/онаа за кого е наменет. Со резон! Сум Ти бил јас технички образован човек, па затоа сум резонирал како техничар-демек сум одел алгоритамски со дефиниции „ако,тогаш“. Ајде де! И уште нешто, околу позитивното и негативното. Има една област во менаџментот и комуникациите која се нарекува: менаџмент со конфликти. Неверојатно потребна за еден куп луѓе кои ги познавам, меѓу кои си и Ти. Зошто? За да научиш како во секоја ситуација да направиш „победник-победник“ ситуација, а притоа да го добиеш посакуваното. Не, ова не е суштината на конфликтите и управувањето со нив. Но кога тоа ќе го совладаш, и кога ќе научиш да управуваш со своето време, тогаш ќе заборавиш на „негатив“. Тогаш ќе дознаеш и научиш како да бидеш „провокатив“ за да секогаш бидеш „позитив“. Во секоја смисла. Звучи тупаџиски, но Ти што ме читаш, знам дека ќе ми ја запомниш оваа поента. Секој со своето на своето во своето, заради своето! Со туѓото или без него, сеедно!

Comments

Popular posts from this blog

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?