Одговорност! Вистинска вредност или лажно лице пред клиентот?

Сум почнал со пишување, пред година и кусур, и не сум довршил. Гледам дека и тогаш сум имал што да кажам за одговорноста.

Дилемата не ми е дали треба да бидеме одговорни. Повеќе, дали македонските бизниси се одговорни кон сопствениот бизнис, сопствените клиенти, па дури и сопствените вработени. Лажно лице? Еве што ми е мислата за овој наслов. Каде се нашите бизниси? Каде се нашите клиенти? Постојат ли вредности во нашите бизниси? Дали одговорноста е основата за градење на вредности?

Во многу мои ставови изнесени тука, стојам на позиција дека во Македонија нема одговорност, конкретно одговорност за рок (читај време, краен термин, договорен термин...). Јас секогаш добивам чувство на вистинска позиција од бизнисите кон овие за мене многу важни особини (не само на бизнисите [претприемачите, менаџерите итн.], туку и од секој човек, во било која ситуација од животот). Но многу често се фаќам себе си дека повторно наивно верувам „во муабетот на прв поглед“.

Вистинската вредност на бизнисот се темели врз неколку основни постулати [читај ме мене, сложи се или спротивстави се]:

  • професионализам во секој поглед

  • коректна комуникација со секого (внатрешна и надворешна)

  • одговорност кон времето, производот, системот на работа, знаењето, парите

  • постојана надоградба на секое поле.


Одговорноста е карактерна особина на човекот. Оттука, ако таа постои кај вработените, и самиот бизнис ќе ја поседува. Уште повеќе, ако сопствениците-газдите-менаџерите, ја почитуваат-практикуваат-промовираат како најважна карактерна особина на бизнисот.Но уште поважно, ако бизнисот има изградена одговорност, тогаш сакал не сакал клиентот/другата страна-соработникот/вработениот - ќе мора одговорноста да ја прифати и практикува секаде и во секоја ситуација, од хигиена во тоалетот, до поплака од корисник, па дури и по цена на своја штета а во корист на другата страна.

Клиентите знаат кога добиваат а кога се излажани со невидлива добивка за своите пари. Реално, ретко кога клиентите се бунат-си го бараат своето ако не го добиле, па бизнисот си ја тера својата воденица. И многу често, и покрај поплаките, бизнисот си ја тера својата, со пресметан ризик ако не дај боже повеќето се побунат, да не биде оштетен до мера на загуба.

Неретко, сето ова важи за група на луѓе организирано во тим, група, сектор, оддел, фирма, како и за секој одговорен човек - претприемач, сам свој газда, сопственик на микро-мал-среден-голем бизнис.

Дали важи и за Тебе? Не троши го времето на другиот ако не си одговорен. Неодговрен си кон себеси, и кон сите останати. До кога!? Додека Ти чини. А кога ќе не чини за другите, не ќе чини и за Тебе. И ќе смениш. Тогаш-не за другите, заради себе!

Аирлија работа Македонче!

Comments

Popular posts from this blog

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ