ТРЕНД


Најчесто прифаќаме нешто што сите го прават. Притоа, не размислуваме дали тоа е добро за нас, дали вистински ни е потребно, дали вистински треба да ги потрошиме своите пари за да го имаме. Не дај Боже да ни се понуди нешто што никој не го прави... Е, тогаш мудруваме. Зошто? Во природата на човекот е најнапред да се одбрани, а тоа значи „НЕ“, отколку да прифати од прва, а тоа значи „ДА“. Е во ваков случај почннува натпреварот за тоа кој е попаметен, кој знае повеќе, дали некој е над некого или под некого... Дали си „ИН“ или „АУТ“.

Она што е мода, минува. Во модата најчесто многумина „слепо“ прифаќаат, или одбиваат, она што им се нуди. Велат трендовите во модата се веќе измислени, само се менуваат од периоди на периоди. Ако земеме дека модата е облеката, да. Но, ако малку размислиме околу трендовите во човештвото, од каде излегуваат стотици модни трендови, тогаш приказната е поинаква.

Трендот е тука заради природна или наметната потреба на луѓето. До пред 10 години, случај беше да видиш човек со мобилен. Едно заради цена, а друго заради одбивност кон новитетот, заради природното „НЕ“ во нас. Но, денеска, го живееме трендот. И модата „мобилен“ се претвори во суштинска потреба, и секојдневие. Па полека од тренд, се претвори во нешто нормално за кое веќе и никој не размислува дали му треба или не. Мобилниот се претвора во нов тренд: интеграција за повеќе типови на апарати за комуникација во еден подвижен мал збрлавен апарат, кој меѓу другите функции ги има и оние на мобилниот телефон. Тренд кој во моментов е во фаза на модата: iPhone и сличните на него играчки за луѓето.

Herbalife Nutrition бизнис тренд
Дали си размислил/а дали си ти дел од трендот? Или подобро, дали си Ти оној што го користи за себе си трендот кој постои, или си дел од трендот кој има корист од Тебе - од Твоите навики, пари, егоистични размилувања.

Ова е важно прашање на кое Ти препорачувам да си одговориш што побргу. Заради 2 причини:

1. Да не Ти биде криво што си последниот вагон од возот кој тргнал, и си го знае Својот пат, но како последен, ќе си бидеш со кратки раце. Сите слушнале и имаат, а Ти уште тераш демагогии и продаваш памет што е добро а што не е.

2. Еден убав сончев ден, кога ќе слушнеш дека Твојот близок како и Ти слушнал, видел, послушал, и искористил... Што тоа? Понудата за работа. И кога ќе почнеш тогаш, ќе биде доцна за Тебе. Ќе има многу што се дел од трендот, а Тебе ти текнало кога сите почнале па тераш политики небаре продаваш ветар во магла и тепаш празна слама.

Трендот е wellness. Или си или не си дел од него. Јас сум. И немој тогаш да ми кажеш дека не сум Ти кажал. Кликни тука и дознај повеќе за мојот wellness бизнис и како можеш да станеш дел од нашиот тим.

Во мојата досегашна кариера многупати не верував на луѓе што ми зборуваа што е „ИН“. Често бев тврдоглавиот паметњакович и мрчев дека се тоа нема врска, дека тоа не е за мене, дека не сум јас Тој. И многу чето знаев што е „АУТ“. Ако си подготвен да се менуваш, тогаш ќе Ти биде полесно. И на тебе, на твоето Его, и на Твоите околу тебе.

ЗАРАДИ ТЕБЕ !



(2010)

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

ПОЗИТИВ vs. НЕГАТИВ = НЕПОЗИТИВ vs. НЕНЕГАТИВ